Повторно гори кај Блаце: Затворен граничниот премин, сообраќајот во целосен прекин

 


Поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи, како што нагласуваат оттаму, во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

Апелираат граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.

09.07.2025 - 15:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега