Не гаел чувства за своите деца, не јадел месо за да ги заштити браќата - вештакот тврди дека Штекли е психотичен
На денешното рочиште за случајот „Штекли“, вештакот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски го претстави својот психијатриски наод за обвинетиот Раде Трајковски – Штекли. Според неговата проценка, обвинетиот е психотичен и не е способен активно да го следи судењето.
Штекли бил пациент на Ангелковски и пред десет години, по што истакна дека неговата состојба е значително влошена.
По четиричасовен разговор, тој заклучил дека Трајковски има процесна психоза што може да стане трајна доколку не се лекува.
„Афектна студеност, психопатско однесување и психотична основа.
Раде Трајковски Штекли престанал да јаде месо за да ги заштити своите браќа и сестри од претходниот живот.
Иако бил татко на три деца не гаел никакви чувства за нив. Имагинарен учител го водел од Ист Гејт во болница кога од зад грб беше пукано во него. Депресивни и летаргични епизоди по 48-часовна конзумација на кокаин“, се само дел од тврдењата на вештакот Ѓорѓе Хаџи Ангелковски.
Одговарајќи на прашања на адвокатот на Штекли, обвинителката и судијата, Хаџи Ангеловски кажа дека пред 10-тина години Штекли му бил пациент, а сега со него извршил четиричасовен разговор по кој согледал дека тој има психоза која е процесна. Односно, ако не се лечи, од привремена може да стане трајна.
Ова тврдење Ангеловски го темели на семејната историја на Штекли.
Мајката на Штекли имала шизофренија, па Хаџи Ангелковски смета дека тој има 20пати поголема шанса да има шизофренија исто така. Бил жртва на семејно насилство. Неговиот татко често ја тепал мајка му.
Вештакот тврди и дека за време на самото рочиште Штекли имал халуцинации и можел со доволно внимание да го следи судењето.
Спротивно на тоа, обвинителството доставило изготвено психијатриско вештачење во кое се тврди дека Трајковски е апсихотичен и способен да учествува во расправата. На следното рочиште вештакот ангажиран од Обвинителството ќе го презентира својот наод. Тоа ќе биде клучно за судот да одлучи дали Штекли е способен да му се суди или не. Во случајот на Штекли опфатени беа 16 лица, но седум веќе клучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.
Според бвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа