Повик од семејствата на загинатите: На 16 септември да запалиме свеќа, да останеме обединети во болката

 

На 16 септември, на денот кога се навршуваат шест месеци од трагедијата во Кочани, се организира оддавање на почит на загинатите во трагедијата во дискотеката Пулс.

На социјалните мрежи здружението на граѓани „16 Март“ објави:

– 62 ангели – вечна светлина во нашите срца

Тие не заминаа… тие засекогаш живеат во секоја мисла, во секоја солза, во секое чукање на срцето. Нашите 62 ангели ќе бидат вечна светлина што не гасне.

На 16.09.2025 (вторник), во Паркот на револуцијата – Кочани, ќе се собереме сите заедно:

Во 20:00.Ќе запалиме свеќи во нивна чест.

Во 20:30 Ќе пуштиме 62 балони кон небото.

Потоа, сите заедно со светлата од нашите мобилни телефони ќе испратиме светлина кон небото – светлина за нашите 62 ангели.

Местото за палење свеќи ќе биде достапно до 24:00 часот, за секој што сака лично да оддаде почит.

Овој настан е исклучиво комеморативен и хуман – чин на љубов, почит и сеќавање. Да останеме обединети во болката, но и во љубовта кон оние кои секогаш ќе живеат во нашите срца.

Да бидеме обединети во љубов и сеќавање.

Светлина за 62 ангели. – стои во објавата на Фејсбук.

11.09.2025 - 23:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега