„Не успеавме да го спасиме“: Угина европскиот бизон во скопската Зоолошка градина

 


Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина, соопшти скопската зоолошка.

„Животниот век на овие животни е од 14 до 20 години.

Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина.
Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на нашиот тим ветеринари и неговите негуватели.

Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме“, стои во соопштението од Скопје ЗОО.

11.09.2025 - 11:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега