Полицијата при сообраќајна контрола сопрела „форд“, возачот бил мортус пијан

 


Вчера во 21.58 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.Т.(52) од с.Долни Липовиќ, радовишко.

При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,27 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

22.05.2025 - 16:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега