Меџити по потпишувањето на договорот со Британија: Ова е историски ден за државата
Ова е историски ден за државата, потпишување на финансиски договор со Велика Британија, со што стратешки се решаваат и се инвестира во повише области како што е железничкиот сообраќај, образование, здравство, стратешки проекти, рече првиот вицепремиер Изет Меџити по потпишувањето на договорот со Британија.
На ова додававме и проекти од екологија, посочи Меџити.
„Долго време со децении, се трудиме, се бориме да го решиме проблемот со опасниот отпад на неколку точки низ целата држава, посебно фабриките што се од бивша Југославија, отпадот е ризичен и за природата и за граѓаните. Ова е нова можност еднаш засекогаш да се реши тој проблем затоа што ке придонесеме за поздрав живот и за природата во нашата држава“, истакна Меџити.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа