Мицкоски за „дивоградбата“ во Чаир: Арсовска има ингеренции, од гола реторика народот нема фајде
Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и и ако мисли дека е така, треба да постапува, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја вчерашната постапка на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која вчера од Чаир ги повика надлежните да постапат затоа што на државно земјиште се гради дивоградба.
- Таа има ингеренции и ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика, народот нема фајда, изјави Мицкоски.
Вчера, градоначалничката на Скопје преку пренос во живо на социјалните мрежи информираше дека на државно земјиште во општина Чаир е дозволено да се гради дивоградба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа