Пешевска: Комисијата за еднакви можности е силна алатка за заштита и унапредување на женските права
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, во вчерашното гостување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува - УЖ“, на тема „Жените громогласни за Македонија“, истакна дека Комисијата за еднакви можности на жените и мажите претставува значаен механизам за работа на теми поврзани со женските права.
„Комисијата за еднакви можности на жените и мажите е одлична можност да работиме на сите теми коишто задираат во женските права преку одредени јавни расправи коишто ги реализиравме во изминатиов период, планираме и во иднина да ги одржуваме“, истакна Пешевска.
Таа изрази жалење што во изминатиот период, во рамки на Комисијата, не биле разгледани бројни извештаи од институциите кои се однесуваат на застапеноста и положбата на жените. Пешевска најави дека овој пропуст ќе се коригира и дека во иднина Комисијата ќе посвети внимание на ваквите документи, со цел поефикасно делување.
„Морам да искажам едно жалење што досегашната работа во Комисијата не се реализирале низа извештаи од одредени институции воопшто не се разгледувале во Комисијата”, објаснува Пешевска.
Таа посочи дека Комисијата е веќе препознаена од граѓаните, граѓанските здруженија и институциите како релевантен чинител во креирањето на јавното мислење и иницирањето на законски промени.
„Како релевантен чинител во креирањето и на јавното мислење, но и во иницирањето на промена на одредени законски решенија и до оваа Комисија стигаат и граѓански иницијативи, инцијативи од невладини граѓански здруженија и навистина можам да кажам дека имаме исклучително успешна соработка.Добиваме признанија од институциите за нашата работа, што претставува дополнителна мотивација да продолжиме со уште посилно темпо. Иако процесот е макотрпен, поддршката и позитивните реакции се потврда дека сме на вистинскиот пат,“ заклучи Пешевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа