Таткото на Фросина: 12-годишна казна е награда за вакво најбрутално можно убиство

 


Следните протести ќе треба со црвени раце да го излепиме цел Суд. Судиите кога ќе излегуваат, ќе ги чекаме и со црвени крвави раце. Само така може да се освести ова судство кое ги штити мафијашите.  во сообраќајот, рече Тодор Кулаков, таткото на усмртената Фросина по денешната пресуда за возачот Васил Јованов.

Тодор кажа дека добил впечаток во судницата како родителите на Васил биле „тотално релаксирани“.

-Дали они ја знаеја казната за разлика од претходното рочиште кога беа вкочанети? Затоа во држава во која дилерите на дрога и немилосрдните убијци се прогласуваат за светци, спортисти и посветени студенти, според зборовите на одбраната, а беше прифатено од судијата, таква е и срамна пресудата. Убиецот Васо и останатите тројца во автомобилот се светци, а загубата на животот на Фросинче е едноставно е небитно. Животот одамна е докажано дека нема вредност според законите на оваа држава, рече Кулаков во изјава пред Основниот кривичен суд-Скопје.

 

13.05.2025 - 11:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега