Ќе лежи 12 години затвор - Васил кажа само една реченица по пресудата

 

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска е изречена пресуда за Васил Јованов кој на Партизански Одреди ја прегази младата Фросина Кулакова, кон крајот на јануари годинава.

Тој е осуден на 12 години затвор, а по пресудата Васил пред Судот кажа дека нема никакво барање.

- Седнал зад воланот под дејство на алкохол, со брзина поголема од дозволената, развил брзина од 91 км. на час, и на запалено црвено светло без возачка дозвола, на пешачки премин удрил пешак кој се движел прописно, рече судијата на денешното рочиште.

На судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава.

-Не можам да објаснам какво каење чуствувам. Не поминал ден да не се помолам за душата на Фросина и за нејзината фамилија. Тоа е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Сакам уште еднаш да искажам најдлабоко сочувство и извинување на семејството и на сите кои ги познавам, изјави Јованов на претходното судење.

13.05.2025 - 11:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега