Филипче: Не губиме ништо ако ги внесеме Бугарите во Уставот
Ако ги внесеме Бугарите во Уставот нема да изгубиме ништо, рече опозицискиот лидер Венко Филипче наденешната седница на Собранието за поставување на пратенички прашања.
„Во 2022-ра година ВМРО-ДПМНЕ одби заедничка работа со СДСМ за работните групи во францускиот предлог и постои впечаток дека различни групации, различни политички партии и различни групи на граѓани, секако заинтересирани во огромен процент да нашата земја просперира на европскиот пат, различно го толкуваат и францускиот предлог, целокупниот пакет на документи и преговарачката рамка.
ВМРО-ДПМНЕ создаде хистерија во однос на тоа, меѓутоа сметам дека сега на некој начин се удира тоа од глава. Ако внесеме три нови етнички заедници во Уставот, сметам дека ништо не губиме. Дека може само нашата позиција да зајакне со тоа што ќе ги отвориме поглавјата.
Понатаму, Историската комисија јасно и недвосмислено стои дека не е услов за напредокот на земјата, ниту може да влијае некако негативно на тој процес на преговори. Впрочем, со отворени поглавја, и внатре во европските институции, сметам дека нашата позиција е многу, многу посилна.“ – рече Филипче
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа