Лихварски круг во Тетово: Маж останал без два стана поради земен заем пред 10 години

 


Вчера во 19.00 часот во СВР Тетово, 59 – годишник од Тетово пријавил дека од В.К.(46), во присуство на С.С.(47), двајцата од Тетово, во текот на 2014 година зел парични средства со камата во износ од 25.000 евра.

Според пријавеното, после тоа, во текот на изминатите години се до пријавувањето, за подмирување на камати и долгот вкупно им исплатил повеќе од 150.000 евра, односно без негова согласност му биле продадени два станови, од кои еден во Тетово и еден во Охрид, а кои ги ставил под залог со нотарски акт за долгот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

17.05.2025 - 12:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега