Откриено каква е состојбата на Панчо ДНК - "Се молиме да ни се врати побрзо"

 

Поп-ѕвездата Тамара Тодевска која е добра пријателка со Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК кој е еден од повредените во страотниот пожар во дискотеката „Пулс" во Кочани, на социјалните мрежи одговараше на прашања од своите фанови, а еден фан ја запраша за состојбата на пејачот од дуото.

- “Панчо е фала му на Бога подобар. Се молиме за него што поскоро да ни се врати”, одговори Тамара за состојбата на Панчо.

За жал, во пожарот во Кочани на 16 март загинаа 62 лица, а меѓу нив и членови на бендот. 

Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески е погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев беше на градските гробишта во Струмица. 

Филип Стевановски и Александар Коларов кои беа дел од ДНК, како и Александар Ефремов, за жал се дел од жртвите на кобниот 16 март.

07.05.2025 - 08:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега