И покрај коронавирусот верниците од Македонија денеска се причестиле од иста лажица
Утрово православните верници отидоа во црквите поради големиот христијански празник Велики Четврток. Внатре одржуваа дистанца, а доколку имаше повеќе луѓе, трпеливо чекаа да влезат, пренесува ТВ21. Пред црковната порта поставено средство за дезинфекција со која верниците и на влегување и на излегување го користеа. Како што пренесува ТВ21, голем дел од верниците се причестиле со иста лажица. Апелите, поради опасност од ширење на корона вирусот годинава да се воздржат и од причестување но и од одење во црква не ги поколеба.
Од МПЦ велат дека се преземени сите заштитни мерки. Отец Сашко Николовски од Скопската епархија иако вели дека не се плашат дека ќе фатат вирус, сепак ги презеле сите мерки. Сето тоа се применува и во маркетите и во банките, зошто не и тука вели тој. Според него нема никаков проблем причестувањето од една лажичка.
„Две илјади години ние причестуваме не го имаме тоа од вчера. Тоа искуство не го имаме само ние го имаа и нашите претци па никој не се заразил од причестата. На крајот на краиштата и ние свештениците ја земаме причестата. Околу иконите значи имаме заповед до сите луѓе тука што работат веднаш да се бришат. Тоа сме го имале и порано но сега уште поинтензивно, верувајте организирани сме“, порача Сашко Николовски.
Црквите ќе бидат отворени и утре на Велики Петок кој се смета за уште поголем ден од денешниот и се очекува дека и утре верските објекти ќе бидат масовно посетени. Главниот настан во сабота пред полноќ кога вообичаено верниците се собираа во црквите за да го слават Христовото воскресение сепак нема да се одржи бидејќи полицискиот час почнува утре од 16 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа