Апсење во Струмица за подметнување пожар, уапсениот го поврзуваат со експремиерот Заев
Полицијата вчеравечер уапсила едно лице од Струмица, кого медиумите го поврзуваат со поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Го сомничат дека сторил кривично дело, бил затекнат близу приватен имот, па бил пријавен дека се обидел да потпали сува трева.
„Синоќа полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Н. поради сомнение за сторено кривично дело. Во координација со ОЈО Струмица се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР
Според дел од пишувањата во јавноста, лицето кое сега е уапсено, било поранешен шофер односно обезбедувач на експремиерот Зоран Заев.
Заев ги демантираше овие информации. Рече дека станува збор за лице кое било вработено во општината но не бил дел од обезбедувањети и демантира дека имал било каква потесна соработка со него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа