Пропадна тендерот за набавка на 120 електрични автобуси

 

Министерството за транспорт и врски го поништи тендерот за набавка на 120 еколошки автобуси поради тоа што единствената компанија која се пријавила не ги исполнила критериумите од јавниот повик.

„На јавниот повик кој беше објавен на 17 јуни со краен рок за доставување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија достави понуда. По евалуација, Комисијата утврди дека истата не ги исполнува условите според тендерската документација“, информираа од Министерството.

Од таму додаваат дека ќе спроведат дополнителни анализи околу набавката на електрични автобуси и јавноста ќе биде навремено информирана за следните чекори.

 

Според првичниот план, 80 од вкупно 120 автобуси беа наменети за ЈСП „Скопје“, а преостанатите 40 за други градови низ државата. Тендерот беше дел од стратегијата за модернизација и еколошка транзиција на јавниот превоз.

29.07.2025 - 12:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега