ЗАСЕГА: Бучковски нема да оди во затвор

 

Одложено издржувањето на затворската казна на поранешниот премиер на Македонија и некогашен лидер на СДСМ, Владо Бучковски. Како што дознава Press24 од судски извори,  извршувањето на пресудата на Бучковски е одложено со одлука на Врховниот суд кој го прифатил неговото барање за одложување.

Во решението испратено до него не стои посебно образложение освен дека извршувањето на пресудата се одложува до нејзиното вонредно преиспитување.

Претходно Бучковски од Кривичниот совет на Скопскиот Кривичен суд бараше одложување на извршувањето на затворската казна затоа што имал обврски на скопскиот Правен факултет.

Бучковски беше осуден на 2 години затвор во аферата Тенковски делови.

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега