Влада: Ја ставивме Македонија во иста група со богатите држави Ирска, Данска и Полска

 

Промените во Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса. Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечки економии во Европа. Ова денеска го велат од Владата преку соопштение за јавноста.

- 3,4 проценти е растот на Бруто домашниот производ за првото тримесечје за 2025 година, согласно прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика. За разлика од претходно, сега Македонија бележи позитивни резултати и според овие бројки и проценти, Македонија се впишува како земја со најбрзорастечка економија, во група на држави како Ирска, Данска и Полска. Порастот на БДП е показател дека работиме посветено и носиме одговорни политики во интерес на граѓаните. И тука не застануваме, нè чека целосна трансформација на Македонија и промени кои ќе значат поголема сигурност и подобра иднина за сите. Македонија ја очекуваат нови победи и уште поголеми економски резултати, тоа што го ветивме, се обврзавме, го исполнуваме. Македонија мора да оди напред, а граѓаните да се задоволни. Економскиот раст и развој се наш најголем фокус и приоритет. Затоа продолжуваме со јасна визија и јасни цели, македонската економија да оди напред. Државата е на патот на промените!, велат од Влада.

04.06.2025 - 08:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега