МВР потврди: Ова е причината за смртта на младиот пар во Припор
Причина за смртта на момчето и девојката, чии безживотни тела беа пронајдени во возило , во гаража во скопски Припор е задушување со јаглерод моноксид. Ова денеска го истакна портпаролот на МВР, Иво Котевски на прес-конференција.
- За жал вчера околу 17 часот беше пријавен трагичен случај дека во гаража на улицата Христо Татарчев биле пронајдени две безживотни тела на лица на возраст од 23 години. Причина за смртта е труење од издувните гасови, истакна Котевски.
Инаку, случајот во полицијата го пријавиле соседите. Според првичните информации, соседи ги пронашле мртви вчера попладне.
Момчето и девојката подолго време биле во врска. Тие често ја користеле гаражата на куќата за водење љубов. Соседите велат дека често ги гледале таму. Синоќа поради студеното време го вклучиле греењето во автомобилот при што дошло до труење.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа