Грција нема потреба од трет спасувачки пакет
Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека на Грција не и е потребен трет спасувачки пакет, бидејќи земјата ќе успее самата да се соочи со ситуацијата, без дополнителни заеми од нејзините европски партнери, пишува весникот „Катимерини“.
Тој вчера на заедничката прес-коференција во Атина со португалскиот премиер Педро Пасос Коељо, чија земја ја заврши спасувачката програма во мај, посочи дека Грција ја обновува контролата врз своите финансии.
- Најверојатно ќе можеме да ја контролираме стабилноста на нашиот долг без нови меморандуми, без потреба од нови заеми, рече тој.
Грчкиот премиер нагласи дека има цел да обезбеди олеснувања за даночните обврзници, но не изнесе повеќе детали.
Коељо од своја страна спомена дека имало и голем скептицизам и во однос на перспективите на Португалија да излезе од спасувачката програма без дополнителна помош.
- Можам само да аплаудирам на политичката храброст, што ја покажавте, додаде тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа