Нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на бул.„Словенија“ - СВР Скопје поднесе пријава
СВР Скопје изврши увид на бул.„Словенија“ во врска со пријавата за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација за потребите на објект сопственост на правно лице од с.Глумово, општина Сарај.
„Притоа е констатирано дека на булеварот е извршен наведениот ископ, по што од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје кон правното лице и одговорното лице во правното лице се преземени соодветни мерки и поднесена е прекршочна пријава согласно член 14 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата“, соопшти СВР Скопје.
03.06.2025 - 12:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа