Силен земјотрес ги погоди Турција и Грција: Загина дете, голем број повредени

 


Силен земјотрес го погоди Родос во Грција во текот на ноќта, но и областа Мармарис во Турција, утрово пренесуваат медиумите. 

Според првичните информации, неколку десетици луѓе се повредени во земјотресот, а загина 14-годишно девојче како последица од потресот.


 

Земјотресот се случил во 02:17 часот по локално време, а бил со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил на 25 километри од Родос во Грција, а бил почувствуван во делови од Турција, Египет и Сирија. Крајбрежниот град Мармарис во блиска Турција, исто така, беше погоден од земјотресот.

Пријавени се најмалку седум лица повредени додека се обидувале во паника да ги напуштат своите домови.

Турските медиуми рано утрово објавија дека 14-годишно девојче загинало во земјотресот, додека вкупно 69 лица се повредени. Девојчето било пренесено во болница откако доживеало напад на паника, но починало и покрај напорите на лекарите.

Туристите на Родос, Грција, утрово добија итна порака од TUI. Во пораката се нагласува: „Ве молиме останете смирени и следете ги сите безбедносни упатства што ви ги дале вашиот сместувачки капацитет или локалните службеници“.

03.06.2025 - 08:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега