Машко лице пронајдено починато кај Бит Пазар
На 05.05.2025 во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ на подрачјето на Бит Пазар во Скопје починало едно машко лице, кое немало лични документи за идентификација, информира МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
06.05.2025 - 15:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа