Излегла да наточи гориво - И го украле автомобилот во кој имало и дете, драма се одвивала во Србија
Полицијата во Обреновац во Србија трага по криминалец кој украл автомобил во кој во моментот на кражбата било и 12-годишно девојче.
Според податоците од српските медиуми, во Обреновац се одвивала вистинска драма кога вчера крадец одзел возило марка „Пунто" од бензинска станица и побегнал. Се се случило додека 26-годишна девојка која дошла со автомобилот на бензинската станица, излегла да наточи гориво и да го плати, а во автомобилот ја оставила својата 12-годишна внука од брат. Во момент на невнимание ги оставила и клучевите во автомобилот, а крадецот го искористил тоа, влегол во возилото и побегнал.
За среќа, детето успеало да излезе од возилото пред крадецот да тргне со него, и не е повредено.
Се трага по крадецот, а полицијата се обидува да го идентификува по снимките од бензинската станица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа