Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран
Задоволство и чест ми беше да бидам дел од денешниот марш организиран од СВР Струмица, кој се одржа на релација од с. Банско до водопадите кај с. Габрово и назад – вкупно 11 км. Овој настан беше можност за дружење со колегите кои секојдневно, со посветеност и пожртвуваност, ја обезбедуваат јавната безбедност во Струмица и регионот, напиша на Фејсбук директорот на БЈБ, Александар Јанев.
Маршот не беше само физичка активност, туку и силен симбол на заедништво, доверба и солидарност. Неформалните разговори со колегите ми потврдија дека во полицијата имаме не само исклучителни професионалци, туку и луѓе со срце, совест и чувство за одговорност. Нивната енергија и искреност ме мотивираат и потврдуваат дека полицијата има вистински херои, подготвени да дадат повеќе од потребното, истакна Јанев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа