Измерени температурите во Македонија во 14 часот: На ова место живата се искачи до 19 степени
Денеска во 14 часот, Скопје беше најтопол град во Македонија со измерени 35.2°C, додека во Гевгелија температурата изнесуваше 34.8°C. На Попова Шапка, пак, беше значително посвежо со 18.9°C.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, сончевото и топло време ќе се задржи до крајот на неделава. Температурите ќе бидат во постепено покачување, особено од четврток и за време на викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а на места се очекува да достигне и до 40°C.
30.06.2025 - 16:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа