Измерени температурите по градови во 14 часот - еве каде е најтопло

 


Топлотен бран ја зафати Македонија денеска, со измерени високи температури низ целата земја. Според податоците од 14 часот, највисоките вредности се регистрирани во Скопје - Петровец со 38,4 степени Целзиусови и во Гевгелија со 38,1 степени.

Наспроти жешкиот бран, Попова Шапка останува најсвежото место во државата, каде во истиот период биле измерени 20,4 степени Целзиусови.

Граѓаните се повикуваат на претпазливост и придржување до препораките за заштита од високите температури, како што се избегнување директно изложување на сонце во најжешките часови од денот, внесување доволно течности и носење лесна облека.

25.06.2025 - 15:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега