ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири се сѐ уште активни

 

Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на државава денеска до 18:15 часот се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, четири се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати. 

Активни пожари се пријавени во Прилеп, во селото Радобил каде гори ниска вегетација и шума, Врапчиште, во селата Дебреште и Зубовце со зафатена ниска вегетација, Охрид, во селото Волино и Липково, во селото Оризари. 

Четири пожари се ставени под контрола, меѓу кои се пожарот во повеќенаменското подрачје Јасен во општина Македонски Брод, каде горела мешана шума, во селото Корошишта, општина Струга, со зафатена ниска вегетација и стрниште, на планината Кожуф, општина Гевгелија, каде се работи за приземен пожар и во селото Кондово, општина Сарај, со зафатена ниска вегетација.

27.08.2025 - 19:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега