АА на Таравари определи четворица кандидати за градоначалници

 

- Партијата Aлијанса за Албанците на Арбен Таравари вечерва одржа состанок во Тетово по кој информираа дека ќе имаат четворица кандидати за градоначалници. За нови мандати како градоначалници ќе се борат актуелните Ваљбон Лимани за Гостивар и Исен Шабани за Врапчиште.

-За Општина Сарај кандидат ќе биде Блерант Рамадани, генерален сектетар на партијата. За Теарце – Назим Таипи, кој е претседател на партиското собрание. Следуваат активности за промоција на кандидатите, истакна Арбен Таравари на прес-конференцијата по партискиот состанок.

Носителите на листи сè уште не се познати, и тоа ќе се одлучува според Таравари на ниво на работни тела со другите партии од опозициската коалиција во албанскиот политички кампус

29.07.2025 - 23:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега