Тешка сообраќајна несреќа кај Крива Паланка: Сопатничка тешко повредена

 


Вчера во 11.19 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека околу 10.45 часот на регионален пат во атар на село Трново, кривопаланечко, на место викано „Трновски Самоков“, патничко возило „даеву тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Крива Паланка, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 62-годишната сопатничка С.С. од Крива Паланка, констатирани во болницата во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка. 

30.07.2025 - 13:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега