Жена пронајдена почината во стан во Скопје
Вчера во 10.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Бит Пазар пронајдена е почината М.Ш.(65) од Скопје.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.
01.07.2025 - 15:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа