Возач на „aуди“ заврши во лисици на рацете: Полицијата го сопрела при рутинска контрола

 


Утрово во 07.20 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Н.К.(47) од село Долни Дисан, неготинско. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,46 промили алкохол во крвта.

 

Н.К. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

25.06.2025 - 12:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега