Во тетовска Гимназија предвидени 8 паралелки, ама се запишале само 22 деца

 

Во гимназијата „7 Март“ во Тетово, во двата уписни рокови се запишале само 22 ученици, додека третиот рок е на 21 август. Од ова училиште очекуваат бројот на ученици да се зголеми за да се пополнат осумте паралелки, земајќи го предвид фактот дека и бројот на поени е намален од 60 на 50. Во централната гимназија и во медицинското училиште, бројот на ученици е веќе пополнет, пишува ТВ21.

-Врз основа на дозволените поени, кои се намалија од 60 на 50, бројот малку се зголеми. Се надевам дека во августовскиот рок, односно на 21 август, тој број ќе порасне и ќе имаме значителен број ученици, со што нашето училиште ќе може да функционира со планираните паралелки – осум паралелки. Сметам дека минимум треба да имаме по 20 ученици во паралелка, и мислам дека тоа е минимален услов и за нас да функционираме како и сите други училишта, изјави Исмаил Влаши, директор на гимназијата „7 Март“.

18.08.2025 - 17:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега