ВМРО-ДПМНЕ: Сонцето ептен му удрило во глава на Филипче
Венко Филипче вечерва докажа дека сонцето дефинитивно му удрило во глава во текот на овој месец додека се движеше на релација јахта-копно, реагира ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на претседателот на СДСМ во Тема на Денот на Сител.
-Овој пат нема да му сметаме колку пари потршил, иако останува прашањето како може да си дозволи луксузен одмор во траење од месец дена. Филипче покажа дека добро му одат само лагите, поточно опколен од толку луксуз и сонце се му се поматило. Или се му е последица од предолгото одмарање и сончање, велат од владејачката партија.
Оттаму му порачаа, граѓаните ќе покажат што мислат на претстојните локални избори.
-Па така еве само ќе го потсетиме на неколку бројки. Растот на просечната нето-плата откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт е околу 10 проценти, а кога СДС беше на власт просечната плата порасна за околу 8 проценти. Потоа порастот на реалната плата во овој период откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт е скоро 7 отсто, за разлика од оние 3.5 отсто од периодот на владеење на СДС. Или ова кажува едно стандардот на граѓаните сега е поголем од времето кога СДС беше власт. Една порака до Филипче, нека се гледа себе си, кадрите од другар му Зоран Заев, нека мисли на консолидација на редовите на СДС, ако воопшто може. Во меѓувреме, на граѓаните им е многу јасно што прави ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го покажаа лани, а тоа ќе ги покажат и на 19 октомври, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа