Масовна тепачка во Батинци: Летале тврди и остри предмети
На 29.08.2025 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, по претходно нарушени меѓусоседски и семејни односи бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Ф.С.(27), Е.С.(18), Р.С.(22), С.С.(36) и С.С.(29), сите од с.Батинци од една страна и М.М.(21), Д.М.(20), Е.М.(22), Г.М.(24) Џ.М.(65), сите од с.Батинци и И.Б.(19) од Тетово од друга страна.
Во физичката пресметка биле употребени тврди и остри предмети.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
31.08.2025 - 15:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа