Влада: Педесет училишта низ Македонија добиваат фотоволтаици ова лето

 


На 50-тина училишта ширум државава ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период, информира денеска владината прес-служба.

- Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа за инвестирање во обновливо извори за енергија. Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците, се вели во соопштението. 

Преку инвестирање во обновливите извори на енергија, како што се наведува, ќе ги намалиме финансиските трошоци, но и ќе придонесеме за намалување на загаденоста на животната средина.

- Владата има визија, план и цел за подобрување на образовниот процес. Преку квалитетно реформирано образование и преку реализација на проекти ќе го подобриме образовниот систем. Државата е на патот на промените, стои во владиното соопштение.

19.06.2025 - 09:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега