Полицијата потврди: Уапсено едно лице - претреси во скопско Арачиново
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК по претходна пријава, лиши од слобода едно лице за сторено кривично дело изнуда и во моментов се вршат претреси на повеќе локации во скопско Арачиново, потврдија од МВР за Пресс24.
Лице e фатено на дело при примопредавање на 165.000 евра, пари кои биле резултат на долгогодишна изнуда.
Акцијата е спроведена со судски налог, по насока на обвинителството и криминалистичка обработка.
Неофицијално се работи за лица од Арачиново од познатата фамилија Маслани кои беа и поврзувани и со криминалните банди Барон и Беланоца. Полициското присуство во Куманово и Арачиново е видливо, а ова не е само изолиран случај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа