ВИДЕО: Висеше на бандера во Скопје: Толку брзо ли го заборавивте Кочани? Дојдоа деца без прсти, дај да им помогнеме!

 

Кочанчанец кој во најголемата трагедија во импровизираната дискотека „Пулс“ загубил петмина другари со селотејп се залепи на Плоштадот Македонија во Скопје. 

Прво побара да дојдат повеќе новинари за да каже зошто е залепен на бандерата. Потоа Мартин Кировски кажа дека станува збор за герила акција, организирана од иницијатавата „Support Kocani“ и има за цел да потсети на трагедијата. 

-Се обраќам до големите луѓе на оваа држава. Уште што треба да ни се случи на нас во Кочани за да се освестат дека тој град постои? Толку ли брзо не заборавија. Пред некој ден си дојдоа деца кои немаат прсти на рацете. Тие деца ќе немаат цел живот раце. Па ако ништо друго, дај на нив да им помогнеме. Толку ли брзо не заборавивте нас од Кочани. Зошто тој град во овие 30 години никогаш не бил битен? Дај да биде ова пример, да направиме нешто за овој град, рече кочанчанецот Мартин Кировски кој претходно висеше на бандера, во центарот на Скопје.

Тој кажа дека пет другари му загинале во пожарот во „Пулс“.-Ако ништо не се преземе, работата ќе оди на полошо. Мора нешто да се преземе, за тој народ да може да живее. Мене ми загинаа пет другари. Ме прашуваа: нема ли да ти биде срам што ќе бидеш врзан? Јас секако сум духовно врзан. Немам ни јас што да правам, кај да живеам? Морам да живеам во тој град, морам да направам нешто за тој град, додаде тој.

09.05.2025 - 14:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега