(ВИДЕО) Силно невреме беснее во регионот: Искорнати дрвја, урнати кровови и кранови

 

Силно невреме, проследено со обилни дождови и град, денеска ја погоди Србија, а најсилно беше во Белград. Драматични снимки од невремето брзо се проширија на социјалните мрежи, прикажувајќи ја големината на штетите.

Бурата, со ветер што на места дувал со брзина од над 100 км/ч, кршеше и уриваше сè пред себе. Најмногу настрадаа дрвјата, контејнерите и градежната механизација.

На улицата Јуриј Гагарин во Нов Белград, силниот ветер искорна огромно дрво кое паднало врз возило.

Како резултат на силната бура, се урна и покрив на објект.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека силниот ветер создал и песочна бура. Дополнително, според најновите информации, се урнал и кран на едно градилиште.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MOJ - BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

08.07.2025 - 19:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега