(ВИДЕО) Османи кон Мицкоски: Албанците не се гости во оваа земја туку домаќини

 

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи реагираше на скандалозната изјава на премиерот Христијан Мицкоски.

Како никогаш досега, имаме Премиер кој наместо да работи на зајакнување на внатрешната цврстина на земјата, упорно ги поткопува сите основи на кои се темели нашата внатрешна стабилност, истакна Османи.

„Премиер кој наместо да го негува внатрешниот соживот, и да се грижи за меѓуетничката кохезија, свесно и доста упорно инвестира во промоција на омразата и меѓусебната нетолеранција.
Прифаќам дека сме политички противници и дека концепциите за начинот на кој сметаме дека треба да се развива државата ни се различни.
Ќе прифатам и дека не можеме да се усогласиме за „ гаранциите“ за продолжување на европскиот пат, за кои еве само искрено ќе кажам не му оди добро никаде.
Но Премиере, вие ја преминувате основната линијата на политичка пристојност кога за тоа нема никаква потреба.
Влечете за уши, делите жолти картони, навредувате, понижувате..., и сега последно - клетите?
Користиш алузии на христовата жртва (закова шајки во раце и нозе) за над етничката да ја разгориш и религиската нетолеранција.
Занесен и јавнат над популистичкиот тигар, не ни знаеш каква штета околу себе нанесуваш, штета над заедничкото ткиво, за кое нели, требаше да направиме обид за да создадеме и над-национален консензус, да ја зајакнеме нашата позиција и внатре и надвор.
Колнеш и клетиш во некаква замислена одбрана на македонскиот јазик, кој пред тебе е заштитен и потврден од 27 земји членки на Унијата директно во Преговарачката рамка; притоа дома, со со сета сила (и со непристојна партиска поддршка од Уставниот суд), правиш сѐ да го понижиш албанскиот јазик и албанскиот граѓанин.
Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш но Христијан, имаш еден клучен пропуст во твоето поимање на реалноста“, посочи Османи.

Османи потенцираше дека Албанците не се гости во оваа земја туку домаќини.

„Ова е наш дом, овде сакаме да ја предвидиме нашата иднина и иднината на нашите деца и не сакаме да си одиме од овде“, нагласи Османи.

Османи забоде нож во македонскиот идентитет - тоа нема никогаш да му го заборавиме

Posted by Press24.mk on Среда, 11 јуни 2025

11.06.2025 - 19:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега