Се судрија товарно возило и мопед, тешко повреден скопјанец

 

На 11.06.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Александар Македонски“ и ул.„16-та Македонска Бригада“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(52) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки управувано од С.С.(52) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

12.06.2025 - 22:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега