Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на Партизанска

 


Вчера во 16.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и бул.„8 Септември“ во Скопје  се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со германски национални  ознаки, управувано од А.Ф.(32) од с.Мала Речица, тетовско и велосипед управуван од А.М.Т.(60) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М.Т., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

15.07.2025 - 14:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега