Трипуновски: За скоро ќе ја истакнеме производната цена на винското грозје

 

„Во моментов се работи во делот на објавување на производната цена на двете најзастапени сорти на винско грозје, на Вранецот и Смедеревката. За скоро ќе биде истакната производната цена“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервјуто за Алфа телевизија.

Министерот се осврна и на новиот обемен и темелен закон за земјоделство и рурален развој. Токму овој закон претставува база на земјоделството и руралниот развој. Во законот има повеќе поглавја, едното од тие е регулација на пазарот, откупот и пласманот на земјоделските производи.

„Во просториите на Министерството се одржа јавна расправа за овој закон. Сите коментари кои што се во интерес на регулација на системот ќе бидат прифатени. Наредниот период ќе се одржи и втора јавна расправа“, најави во своето интервју министерот.

Тој додаде дека во меѓувреме се работи и за откупната сезона на тутун која што е за неколку месеци. Во секторот треба да се превенира навреме.

07.07.2025 - 21:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега