Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери

 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери, вклучувајќи го и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека се подготвува за самитот в петок со рускиот лидер Владимир Путин.

„Имавме многу добар разговор…. Би го оценил (разговорот) со 10. Знаете – многу, многу пријателски“, им рече тој на новинарите за време на настан во Центарот Кенеди во Вашингтон.

Трамп додаде дека сака да одржи „брз втор“ состанок со Путин и Зеленски по самитот во Алјаска.

13.08.2025 - 20:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега