Кумановец уапсен – осомничен дека запалил „ланд ровер“

 

Вчера полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 31-годишниот Б.П. од Куманово.

Тој се сомничи дека на 30 август 2025 година на улица „Моша Пијаде“ подметнал пожар на патничко возило „ланд ровер“, сопственост на А.Г. од Куманово.

Б.П. бил приведен во полициска станица, а од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот против него е поднесена соодветна пријава.

02.09.2025 - 21:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега