СЗО: Регистриран е рекорден број деца со акутна неухранетост во Газа
Во јули, Газа регистрираше најголем месечен број случаи на акутна неухранетост кај децата досега, објави Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО предупреди за зголемување на смртните случаи поврзани со глад во палестинската енклава.
„Во јули, кај речиси 12.000 деца под петгодишна возраст беше дијагностицирана акутна неухранетост во Газа, што е најголем број регистриран за еден месец“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, на прес-конференција во седиштето на организацијата во Женева.
07.08.2025 - 17:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа