Светот може да здивне: Иран официјално објави крај на војната

 

Денес, во порака до нацијата, претседателот на Иран, Масуд Пезешкјан, објави „крај на 12-дневната војна наметната од Израел“ и рече дека не сака да добие нуклеарно оружје, туку да ги реши сите несогласувања на преговарачка маса, објави новинската агенција Ирна.

„Денес, по херојскиот отпор на нашата голема нација, која со решителност пишува историја, сме сведоци на стапувањето во сила на прекинот на огнот и крајот на таа 12-дневна војна што беше наметната од авантуризмот и провокацијата на Израел“, напиша Пезешкијан.

Тој повтори дека неговата земја не се обидува да се здобие со нуклеарно оружје, но дека ќе продолжи да го брани своето „легитимно право“ да развива цивилна нуклеарна програма откако ќе стапи на сила примирјето со Израел.

Во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Мохамед Бен Зајед, Пежешкјан рекол дека „со оглед на нивните односи со САД, очекува ОАЕ да им објаснат дека Иран сака само да ги оствари своите легитимни права“, додава Ирна.

Иран, повтори Пезешкијан, „никогаш не се обидел да добие нуклеарно оружје и не се обидува“.

„Иран е подготвен да ги реши сите несогласувања на преговарачка маса“, вели тој.

На 13 јуни, Израел го нападна Иран, обвинувајќи го теократскиот исламистички режим дека се стреми кон атомско оружје, уништувајќи стотици воени и нуклеарни објекти. Иран одговори со лансирање стотици ракети и беспилотни летала кон Израел.

24.06.2025 - 23:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега