Судот во Битола одлучи: 9 години затвор за лицето кое прегази велосипедистка и избега
Денеска е соопштена пресудата од страна на Основниот суд Битола, за обвинетиот Димитар Петрески за случајот со прегазената велосипедистка Анета Цветкоска.
Тој доби 9 години затворска казна.
Семејството обвинува дека судијката Цветанка Никодиноска предизвикала преседан во судството, односно наместо на закажано рочиште, таа пресудата ја соопштила усно, во лифт, на сопругот на жртвата.
Инаку, Петрески, вработен во МВР, ја удрил Анета додека возела велосипед надвор од коловозот и избегал од местото на несреќата, без да пружи помош.
15.05.2025 - 18:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа