Сојстојбата на Јасен се влошува

 

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ се влошува, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Првиот човек на институцијата, Стојанче Ангелов вели дека на терен се припадници на противпожарна бригада, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, но и на Национални шуми кои се обидуваат да го стават под контрола.

Ловиштето „Јасен“ подолг период е зафатен со голем шумски пожар. Непристапниот терен не им дозволува на службите да го стават под контрола. Ангелов веќе кажа оти претпоставките се дека станува збор за пожар создаден по природен пат, односно дека причината најверојатно е гром.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, на „Јасен“ гори мешана вегетација.

19.08.2025 - 18:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега