Смртоносна епидемија во Велика Британија: сомнежите се дека изворот е сезонско овошје

 


Пет лица беа хоспитализирани, а најмалку 20 се разболеа, вклучувајќи 13 мали деца, од редок вид бактерија што предизвикува дијареја, соопштија британските власти.

Случаите на инфекција не се ограничени само на одредена област на Велика Британија, туку се пријавени во целата земја, соопштија здравствените и безбедносните надзорници.

Изворот на инфекцијата сè уште не е откриен, но се сомнева дека станува збор за сезонско овошје, објави „Дејли мејл“.

Претходно, сојот, познат како салмонела сенпол, беше поврзан со епидемија во 2023 година, во која беа вклучени увезени дињи. Во тоа време повеќе од 90 луѓе беа заразени.

„Во моментот нема докази дека дињата е извор на оваа епидемија“, велат официјалните лица.

Салмонелата е група на бактерии што ги инфицираат цревата на домашните животни и обично влијаат на месото, јајцата и на живината. Предизвикува болест и треска, кои исчезнуваат за неколку дена. Сепак, исходот може да биде фатален.

Во просек потребни се од 12 до 72 часа за да се развијат симптомите по внесувањето заразна доза салмонела.

Во посериозни случаи заразените лица имаат потреба од долга и интензивна болничка нега бидејќи дехидрацијата предизвикана од болеста може да биде опасна за животот.

Од 25-те случаи, сите регистрирани помеѓу 20 февруари и 4 март, шест се регистрирани во северозападна Англија, четири во западен Мидлендс, три во југозападен дел и два во источен дел од Англија.

Источен Мидлендс, Североисток, Лондон и Југоисточниот Регион регистрираа по еден случај.

По два случаја беа потврдени во Северна Ирска и Велс, како и по еден во Шкотска.

Пациентите погодени од болеста биле во просек на возраст од пет години, но имало и бебиња и луѓе над 88 години. Од нив, 16 беа жени, а девет беа мажи.

Гаури Годбол, заменик-директор за гастроинтестинални инфекции во Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA), изјави: „UKHSA истражува епидемија на салмонела и не се идентификувани случаи од март 2025 година“.

Гастроинтестиналните бактерии, како што е салмонелата, може да се шират од човек на човек, како и преку храна, па затоа секој што има дијареја или повраќање треба добро да ги мие рацете по користење тоалетот и да избегнува ракување со храна или подготовка на храна за други кога тоа е можно.

„Избегнувајте враќање на работа или испраќање болни деца во училиште или градинка најмалку 48 часа по исчезнувањето на симптомите“, предупредија официјалните лица.

27.05.2025 - 15:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега